Гостивар
Одлука: Учебната година ќе почне онлајн, децата од 1 до 3 одделение може да одат на училиште по избор на родителите
Новата учебна година ќе започне онлајн за сите ученици, со два исклучоци: за ученците од 1 до 3 одделение и за учениците во училиштата каде има мал број на деца. Сепак и во овие два случаи, конечниот збор ќе го имаат родителите. Тоа значи дека, за физичко присуство на децата во училиште во исклучоците, родителите ќе треба да дадат согласност. Доколку не се согласуваат, тогаш и тие ученици наставата ќе ја следат онлајн.
Ова го соопшти министерот за образование Арбер Адеми на прес конференција попладнево. Адеми рече дека одлуката е донесена денес на седница на Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.
„Подолг временски период моделите и протоколите за наставата во новата учебна година се подготвени, донесовме одлука како ќе се организира наставата, а уште еднаш планот и моделите ќе се рагледат и финалната верзија ќе се достави до општините.“, изјави Адеми.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!