Гостивар
Училиштата во Гостивар имаат потреба од повеќе хигиеничари и бараат ковид тестови за наставниците
Во училиштата во Гостивар периодов се прават подготовки за почетокот на новата учебна година. Министерството за образование вчера ја објави одлуката дека наставата ќе се одвива онлајн, освен за децата од 1 до 3 одделение, како и во училишта со мал број на ученици, и тоа сепак по избор на родителите.
Надлежните во Гостивар се координираат и ги разгледаат условите. Анкетирањето на родителите и наставниот кадар покажало дека поголем дел од нив се за физичко присуство на децата во училиштата.
Од општинскиот Сектор за образование нагласуваат дека во училиштата се јавила потреба за повеќе хигиеничари поради спроведување на антикорона протоколите. Некои училишта барале и да се обезбеди тест за Ковид за наставниот кадар.
„Секторот за образование е при крај на собирањето податоци и информации од средните и основните училишта, кои потоа ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, каде што посебен акцент ќе биде ставен на овие потреби и барања од страна на училиштата, како што се: – зголемување на бројот на хигиеничари, – обука на наставниците за одржување на онлјан настава и тестирање за Covid 19 на наставниот кадар. Можеме да заклучиме дека и покрај подготвеноста на училиштата за почеток на учебната година во септември во општина Гостивар, ние сепак ќе ги почитуваме одлуките на Министерството за образование и наука “, изјави Имерлие Салиу од секторот.
Директорот на ОУ „Единство“ во Гостивар Зијадин Нуредини вели дека во одделенијата имаат помал број на ученици и можат непречено да се организираат за настава во училиштето. „Кај нас од спроведените анкети и родителите и наставниците се изјаснија дека се за настава со физичко присуство. Во одделенијата има до 15 ученици и нема да биде проблем да се држат часови со присуство на децата“, рече Нуредини.
Во ова училиште објектот е целосно дезинфициран, а клупите во училниците се преуредуваат за да се обезбеди поголемо растојание меѓу учениците.
За сега не е прецизирано дали новата учебна година ќе започне на први септември, со оглед дека ќе бидат потребни законски измени за воведување на новините.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!