Поврзи се со нас

Гостивар

Потсмирена состојбата на инфективно во Гостивар – утрово испишани се 6 излечени пациенти

Објавено

на

Се потсмирува состојбата на инфективното одделение во гостиварската болница. За разлика од претходниот период, кога имаше по 20-тина пациенти со ковид, моментално хоспитализирани се 11. Утрово како излечени биле испишани 6 пациенти.

„Од овие 11 случаи кои моментално се хоспитализирани, една пациентка е во потешка состојба. Останатите се со средно-тешка клиничка слика. Еден пациент е амбулантски, направен му е денес тест, се очекуваат резултатите, не знаеме во овој момент дали е позитивен или негативен, но има ниска сатурација. Да појасниме, сатурација е капацитетот на белите дробови, значи колку му работат. Поради тоа, ќе инсистираме да се испрати за Скопје. Сега за сега, на одделение мирна е ситуацијата. И тие што се нови случаи позитивни во Гостивар, штом не се јавуваат кај нас на одделение, значи се со полесна клиничка слика.“, информира раководителот на инфективно д-р Ратко Наумоски.

Лекарите нагласуваат дека не може да се предвиди какви ќе бидат тековите во следниот период. На граѓаните им препорачуваат максимално да ги почитуваат заштитните мерки.

„Секој да биде свесен дека вирусот постои и да ги почитува мерките, носење маска, држење растојание и миење на рацете“, вели инфектологот Наумоски.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 11 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 13 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 16 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 16 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 16 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 17 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена