Поврзи се со нас

Гостивар

„Да го направиме Гостивар еко-град!“ – почна Европската недела на мобилност

Објавено

на

Гостивар се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните во борбата против аерозагадувањето – помалку да користат автомобили, а почесто велосипеди или да пешачат.

Активностите ги организира гостиварската локална самоуправа во соработка со здружението ГВ еко. Одбележувањето започна денес со симболична прошетка до Кејот на Вардар. Во деновите што следуваат ќе бидат промовирани патеки за велосипедистите, пешачка зона во централното подрачје, ќе има ден без автомобили и слично.

„Европската недела на мобилност ја одбележуваме под мотото „Гостивар без автомобили-пешачи или вози велосипед“. Сметаме дека е важно да се подигне свеста кај граѓаните, да почнеме да се бориме против аерозагадувањето и да се грижиме за нашето здравје, бидејќи навистина загадениот воздух е причина за многу болести. За жал, навиките се такви да се користи автомобил и за 500 метри. Тоа треба да се менува, за доброто на сите. Да се потрудиме да го направиме Гостивар еко град. Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат во активностите“, изјави  Валентина Штерјоска од Гв еко.

Надлежните за екологија во Општина Гостивар нагласија дека борбата против загадувањето на воздухот е заедничка и секој треба да даде свој придонес.

„Во Програмата за заштита на животната средина за 2020-та предвидовме вакви настани за подигнување на свеста кај граѓаните, во иднина да се бориме заеднички да имаме што повеќе патеки за велосипедистите и пешаците“, рече Зуди Џелили, раководител на одделение за животна средина во О.Гостивар

Ден без автомобили ќе се организира на 22 септември, со промовирање на пешачка зона во центарот на градот во 10 часот и велосипедско дефиле во 11 часот. Еден ден претходно во Летниот амфитеатар ќе се одржи настан за презентација на еколошките програми и проекти.

Европската недела на мобилност трае од 16 до до 22 септември.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 16 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 18 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 19 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена