Гостивар
Нуредини: Ако го затвориме Русино сега веднаш, каде ќе се фрла отпадот од Полог?
Граѓанските активисти бараат Русино да се дислоцира, но тоа не е можно да се направи веднаш, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини денес на прес конференција. Одговарајќи на новинарско прашање за проблемот со Русино, Нуредини подвлече дека планот е локацијата да се користи максимум 10 години, а во меѓувреме да се стандардизира.
„Во однос на отпадот во полошкиот регион веќе имаме соработка со шведскиот секретаријат СЕКО, тие веќе понудија средства во висина од 9.6 милиони евра. Сите студии за Русино се завршени и тоа со декади наназад. Швајцарците веќе обезбедија 1.9 милиони евра за проектот Русино, планот е ревидиран уште еднаш, веруваме дека е извонреден. Тие средства би требало да обезбедат да се изгради патот до Русино, да се поставам мерните станици, да се постави прочистителна станица, па и еден објект каде ќе бидат сместени човечките ресурси, кои ќе работат на самата локација. Тие ни ветија доколку ги исполниме овие услови и доколку ги завршиме работите навремено. Ќе ни обезбедат уште 6 до 7 милиони франци средства како помош за понатамошно доразвивање на системот за менаџирање со отпад во полошкиот регион.“, изјави министерот, додавајќи дека побарале од локалните власти да го поминат инфраструктурниот план за може да се почнат со работа на терен.
„Сфаќам дека граѓаните се загрижени, но имаме потреба локалната власт да ги помине овие инфраструктурни планови за ние можеме да продолжиме со нашите обврски. Активистите бараат да се дислоцира Русино, дали е можно такво нешто веднаш?. Русино е транзициска депонија, планот е да се користи до 10 години максимум. Проектото за Русино за нас е од мошне големо значење бидејќи ќе мора да се фрла отпадот таму во наредните неколку години. Доколку го затвориме Русино каде ќе се фрла отпадот од сите жители коишто живеат во полошкиот регион. Идејата за нула отпад е многу добра и еколошка, но реално не постои нешто како нула отпад.“, рече Нуредини.
Граѓански активисти обединети во иницијативара Стоп Русино, ја блокираат таканаречената депонија повеќе од 40 дена. Пристап дозволуваат само за камионите со ѓубре од Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ