Вести
Не престануваат кражбите во светите храмови
Крадци повторно провалиле во црква. По кражбите, регистрирани пред два дена во Долна Бањица и Здуње, немилата серија продолжува во црквата Св.Никола во селото Лешница. Не се исклучува можноста, храмовите во гостиварско да страдаат од исти сторители.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, кражбата во црквата во Лешница се случила во периодот помеѓу 5 и 10 месецов. Засега непознати лица, откако не успеале да влезат во црквата преку помошниот објект, насилно ја провалиле влезната врата. Внатре испребарале наоколу, ги испревртеле и црковните книги, но не нашле и не одзеле пари. Сепак, со кршењето на влезната врата, причинета е материјална штета од околу 9.000 денари.
Од полицијата соопштуваат дека е извршен увид, местото е фотодокументирано и се работи на расветлување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!