Гостивар
Во регионот на Гостивар до сега потврдени вкупно 917 заразени со корона, изминатите два дена 10 нови случаи
Од почетокот на пандемијата заклучно со 22 септември, во регионот на Гостивар (општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше) со коронавирус биле дијагностицирани вкупно 917 лица. Според податоците од Институтот за јавно здравје, од нив 761 се оздравени, активно болни моментално се 107 пациенти, додека со смртни последици има 49 случаи.
Во првите два дена од неделава, Министерството за здравство потврди вкупно 10 новозаразени со корона во гостиварскиот регион, 12 оздравени како и едно починато лице.
Гостивар до пред две недели беше во фаза на висок ризик на ширење на вирусот, но со намалениот дневен број на новозаразени, ризикот опадна и сега е категоризиран во фаза на локализирано ширење.
На последната прес конференција, министерот Венко Филипче алармираше за влошување на состојбата со ковид во земјава, а го спомена Гостивар меѓу градовите со најмногу активни случаи.
„Во моментов најголем број на активни случаи, односно случаи со болест во тек има во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар и Струмица. Во однос на смртноста, леталитетот во нашата земја изнесува 4,1%. По недели, најголем број на смртни случаи има во 25 недела кога се регистрирани вкупно 54 починати лица. Од тогаш бројката на починати опаѓа, а во последната 38 недела до 19 септември се регистрирани 40.“ рече Филипче
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ