Собранието вечерва ги избра новите заменици министри во Владата. На две од овие позиции влегуваат гостиварци: Башким Хасани, изгласан за заменик министер за одбрана и Арафат Шабани за зам.министер за образование и наука.
Во биографијата на Башким Хасани е наведено дека е роден 1980 година, основно и средно образование завршил во Гостивар, а факултет за физичко образование на Универзитетот во Скопје. Бил професор по физичко воспитување, директор на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, шеф на кабинет на градоначалникот на О.Гостивар, Невзат Бејта и заменик директор на Финансиска полиција. Претседател е на огранокот на ДУИ во Гостивар.
Во биографијата на Арафат Шабани пишува дека е роден 1976 година. Дипломирал психологија на Универзитетот во Скопје, и педагогија на Универзитетот во Приштина-Косово. Докторирал психолошки науки на Универзитетот на ЈИЕ Тетово и на Индијана во САД. Досегашен декан на факултетот за јазици, култура и комуникација на УЈИЕ Тетово и советник во гостиварскиот Совет.
Останатите заменици министри се: Агим Нухиу во правда, Илхан Рахман за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмире Исаки за Министерството за надворешни работи, Димитар Ковачевски за финансии, Зоран Маневски за економија, Трајан Димковски за земјоделие, Илир Хасани за здравство, Енвер Хусејин за труд и социјала, Зоран Димитровски за локална самоуправа, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Седат Сулејмани за култура, кој дипломирал, Беким Реџепи за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска за животна средина и просторно планирање.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK