Занимливости
Словенците успешни и во садење џиновски тикви, најголемата има дури 713 килограми
Градот Мозирје кој е познат по изложба на лалиња во Словенија, изминатиов викенд беше домаќин на јубилејното десетто издание на традиционалниот избор на најголема тиква.
Меѓу десетиците пријавени во финалето влегоа две џиновски тикви тешки над 700 килограми, победи тиквата на одгледувачот Јанко Ловше од Требње, тешка дури 713 килограми.
„Ах, да одгледаш џиновска тиква зависи од неколку фактори. Од семето, времето, среќата. Но, мора да се грижиш за неа како за убавница“, изјави Ловше.
Ова го сруши претходниот рекорд на Словенија, постигнат во 2016 година – тогаш најтешката тиква тежеше 697 килограми. Светскиот рекорд за најтешка тиква е 1147 кг.
Покрај тикви, словенците бираа и најголема лубеница, победата ја однесе лубеница од скоро 70 килограми.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ