Поврзи се со нас

Гостивар

На онлајн час по англиски со професорката Амети во гимназијата во Гостивар…

Објавено

на

Клупите и столчињата се празни. Во училницата е само професорот со лап топ, учебник и белешки. Порано, тоа ќе значеше дека моментално не се одржува час, а професорот се подготвува за наредниот. Но, годинава ова е начинот на кој се изведува наставата. Часот тече онлајн, а како тоа изгледа имавме прилика да проследиме во гимназијата во Гостивар со професорката по англиски јазик Блерима Амети.

Лекцијата беше на тема семејство и семејни стебла. Професорката воспоставуваше комуникација со учениците кои беа вклучени на часот, им објаснуваше, имаше подготвено неколку ливчиња со натписи и им ги демонстрираше, им поставуваше прашања… навидум исто како на вообичаен час со децата во училиште. Но, сепак не е така.

Онлајн наставата е голема промена во образованието и носи потешкотии и предизвици кои ќе мора постепено да се надминуваат.

„Јас лично прво имав потешкотии со креирање на класот, главниот проблем не беше во самото креирање, туку со тие пасворди што им беа доделени на учениците. Тие не знаеја како да се регистрираат и на тоа дополнително работевме два-три дена. Потоа требаше да им се објасни како функционира сето тоа, затоа што апликацијата е на англиски јазик. За нас кои знаеме англиски е многу лесно, но за учениците, па и за некои колеги кои не ги знаат тие изрази и термини, тоа е проблем. Сега за сега имаме потешкотии, но ако им соодветни услови, со тек на време сето тоа ќе се надмине“, рече професорката.

За училишните управи најголем проблем се обезбедувањето на соодветни електронски уреди и стабилна интернет врска, за да може наставата да се одвива непречено.

„Ние како училишта не добивме доволно време за да се подготвиме, се‘ оди набрзина. Голем предизвик е, и за мене како менаџер на училиштето и за педагошко-психолошката служба и за професорите. Но, секојдневно правиме напори, да обезбедиме услови, работиме на подобрување на интернет конекцијата во училиштето, соодветни компјутери и слично.“, изјави Мирсад Исеини, директор на гимназијата во Гостивар.

Учебната година почна пред една недела, а за досегашното искуство и доживување на онлајн наставата професорката Амети вели:

„Навистина е многу различно. Јас лично сакам да почувствувам атмосфера, ми треба фитбек од учениците, да се слушнеме добро, да се видиме. Знаете, во нашата работа изразот на лицето некогаш кажува повеќе од зборовите. Вака онлајн не ги гледам децата, само ги слушам, а понекогаш и тоа не е добро, не се слушаат како што треба. Мислам дека наставата со физичко присуство е незаменлива, но условите моментално се такви какви што се, и мора да се трудиме да дадеме максимум од себе за учениците да го добија знаењето“.

На гостиварска територија согласности за настава со физичко присуство добија само неколку училишта во селата. За останатите онлајн наставата за сега ќе биде секојдневие.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена