Поврзи се со нас

Гостивар

Ловџиите да го почитуваат законот, полицијата и инспекциите ќе ги засилат контролите!

Објавено

на

Викендот што измина на поширокото полошко подрачје официјално беше отворена новата ловна сезона. Со цел  навреме да се превенираат, односно пресретнат незаконските постапки на поединци, но  и ловџиите  поблиску да бидат информирани за последиците од таквите постапки, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов.

Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се ригорозни и доследно и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни ловџии, нагласуваат од СВР.

„Ловџиите од Полог се потсетуваат, исто така, дека незаконит лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од шест месеци до три години, зависно од тоа –кога, каде и што  е отстрелано.  На ловџиите им се укажува да бидат докрај внимателни при ракувањето со оружјето што го поседуваат  и носат со себе на лов за да не ја доведат во опасност сопственaта и безбедноста на другите, но и да не го даваат оружјето на други лица.“, се вели во соопштението на полицијата.

Со започнувањето на новата сезона,  Секторот за внатрешни работи Тетово најави дека во соработка со другите служби, значително ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и презема соодветни мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 3 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 4 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 7 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 8 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 9 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 10 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 21 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 23 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена