Гостивар
Kонтрола на јавните превозници во гостиварско, санкционирани 5 возила
Денеска, во периодот од 10 до 13 часот, на регионалниот пат Гостивар-Градец, полициски службеници на гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај, во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата откриени и законски санкционирани се вкупно 5 возила, од кои 4 комбиња и 1 патничко возило, кои превезувале патници без потребните документи, односно лиценци. На нивните сопственици ќе им бидат изготвени кривични пријави согласно членот 284 А од Кривичниот законик.
Вакви контроли планирани се и во наредниот период со цел навремено откривање и отстранување од сообраќај на сите возила кои вршат јавен превоз без потребни документи, кои се технички неисправни, кои ги управуваат лица без соодветни возачки дозволи и друго.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ