Гостивар
Максимум 4 гости дома, маска да се носи и на отворено, после 22 часот забрането групирање на јавни места…
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека Комисијата за заразни болести ќе излезе со препораки за нови мерки против ширење на коронавирусот.
Меѓу нив е забрана на поголеми семејни собири и било какви прослави и забави во домашни услови. Во домовите максималната бројка на гости да се ограничи на 4. Ваквите препораки доаѓаат како резултат на анализите кои покажале дека голем број од новозаразените се од некои семејни прослави.
Исто така, препорака ќе биде забрана за групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица после 22 часот. Да се воведе задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема насекаде и при престој на отворено. Исклучок од ова е при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија…Исклучок за задолжително носење маски би имале само децата до 6 години.
„Планираме и поригорозни мерки. И скратување на работни часови и рестрикции во движење, ако се одлучи дека тоа е мерка што треба да се имплементира. Засега далеку сме од тоа, но дефинитифно тоа е една од мерките што може да се препорача.“, рече министерот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ