Гостивар
Професори и матуранти од гимназијата во Гостивар го одбележаа 11-ти Октомври пред Обелискот на борците од НОБ
Во чест на претстојниот празник 11-ти Октомври, професори и матуранти од гостиварската гимназија организираа пригодно одбележување. Најпрво спроведоа акција за чистење на спомен обележјето Обелиск на борците од НОБ, кое се наоѓа на старите градски гробишта, до вечните почивалишта на борците од Гостивар и гостиварско, а потоа положија букет цвеќе.
Преку реферат се потсетија на значењето на празникот, со акцент на учеството на борците од гостиварското подрачје.
„Во текот на НОБ од Гостивар и гостиварско своите животи ги дадоа 322 борци и 158 жртви во борбите за слобода од сите националности, Македонци, Албанци, Турци и други. Гостивар и гостиварско дадоа пет народни херои, Чеде Филипоски Даме, Панче Попоски, Видое Смилевски Бато, Тихомир Милошески Тиќо и Злате Малакоски. Во нивна чест и во чест на сите паднати броци во текот на НОБ во Македонија го посветуваме ова одбележување на 11-ти Октомври“, подвлече професорката по историја Светлана Јовановска.
Младите велат дека им претставува чест и задоволство кога се вклучуваат во одбележувањето на значајните историските датуми.
„И покрај тоа што е пандемија, ние го одбележуваме овој светол празник од македонската историја, секако со почитување на протоколите“, рече ученикот Методија Наумчески.
Годинава се одбележуваат 79 години од почетокот на народното востание, кое македонскиот народ го крена против фашистичкиот окупатор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ