Поврзи се со нас

Гостивар

Објавени годишните конкурси за проекти од културата

Објавено

на

Министерството за култура ги објави годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2021 година.

„Годишните конкурси на Министерството за култура се основна финансиска поддршка за најголем дел од здруженијата, операторите, поединците во сите дејности и области од културата. Токму затоа, јас и мојот тим пристапивме со особено внимание, одговорност и компетентност за да се поддржат проекти со далекусежни уметнички вредности и влијание. Напорите што ги вложивме се во насока, средствата од Буџетот на РСМ, предвидени за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година, да ги добијат оние на кои им е најпотребно во услови на светска пандемија и чии што проекти ги задоволуваат приоритетите и условите на Конкурсите“, рече министерката за култура Ирена Стефоска.

Министерката истакна дека приоритет годинава е поддршката на проекти од младите и за младите, како и заштитата на културното наследство.

„Наша цел е да ги откриеме младите таленти во сите области на културата и да им помогнеме да го развијат својот креативен потенцијал“, рече таа и појасни дека втор врвен приоритет на Министерството за култура, е заштитата на културното наследство, за кое што освен националните установи се грижат и локалните.

Истакна дека целта е подигање на свеста за неговото значење за сите нас, поддршка на локалните установи заради унапредување на капацитетите, стандардите и пристапноста во заштитата на културното наследство на локално ниво.

„Важно е да истакнам, дека во секоја област од конкурсот, апликантите  во нивните проекти треба да посветат внимание и на еднаквата родова застапеност, на инклузијата на лицата со попреченост, и на интеркултурниот дијалог. Со еден збор, Култура сега! – создаваме културна сцена која ги вклучува сите и допира до сите“, нагласи министерката за култура Стефоска.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 4 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 5 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 8 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 9 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 10 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 10 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 22 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 23 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена