Гостивар
Запустена локација во гостиварски Балиндол се претвори во уреден парк со игралиште и детски реквизити
Во гостиварското село Балиндол денес беше пуштен во употреба нов парк со вкупна површина од 2.800 метри квадратни. Местото е уредено со зеленило, игралиште и реквизити за децата, а инвестицијата е заедничка на општината, ЈП за паркинзи и зеленило и Месната заедница.
„На ова место претходно беше џунгла, депонија, сите камиони што минуваа си фрлаа што ќе им текне. Страшно беше да се помине дури и преку ден. Заради тоа, разговаравме со градоначалникот што може да се направи и се договоривме да се направи вакво паркче. Ние како жители на Балиндол сме многу задоволни од овој проект, и возрасните и децата“, рече Тефик Нуредини, од месната задница.
Задоволство од соработката искажа и градоначалникот Арбен Таравари.
„Добрата соработка помеѓу локалната самоуправа и Месната заедница на селото Балиндол, направи местото каде некогаш беше дива депонија во ова село, денес да се трансформира во парк и игралиште. Просторот што официјално го пуштивме во употреба денес, е заедничка инвестиција на Општина Гостивар и жителите на Балиндол. Оваа инвестиција беше изборно ветување во 2017 година и денес станува реалност со неколку други паркови изградени во гостиварските села.“, рече градоначалникот.
Директорот на ЈП за паркинзи и зеленило потенцира дека до сега биле изградени детски паркови во Равен и Чајле, се планираат и во Форино, Дебреше и Чегране.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ