Спорт
Најпосле кошарка: ФМП – КК Гостивар денеска од 18 часот
Денеска започнува една од нејнеобичните сезони во историјата на македонската кошарка. После две пролонгирaња на стартот на првенството, во услови кога фудбалот и ракометот прогласија прекин на првенствата настапуваат кошаркарите.
Натпреварите ќе се играат во ненормални улови, без присустви на публика, под посебни протоколи, што секако најголем удар ќе биде за КК Гостивар, односно за верната гостиварска публика која ќе биде лишена од задоволството да ги бодри гостиварските кошаркари од трибините.
Ковид пандемијата покрај здравствена, донесе и економска криза што ја погоди најболната точка во спортот во земјава воопшто, а не е одминат ни гостиварскиот прволигаш. Клубот е оставен на финансиите обезбедни само од Управата, поддршката од општината е понижувачка во однос на тоа дека КК Гостивар е најсериозен спортски субјект и најголем промтор на градот Гостивар. Новите ковид протоколи, одлуката играчите да се тестираат пред секој натпревар на трошок на клубовите само го товарат и онака веќе преоптоварениот буџет, што е најава за една турболентна сезона. Но, што е тука е, денеска се игра првото коло во натпреварувачката сезона 2020/2021.
Во салата Независна Македонија во Скопје, ќе се сретнат екипите на ФМП Академија и КК Гостивар. Дуел на две екипи кои влегуваат со различни амбиции во сезоната, со оглед на ростерот, искуството, гостиварци се фаворити во овој натпревар.
Димитриевски, Костоски, Тасовски, Штерјов, Јаневски, Зекири, Армстед, Мосли, Тодоровиќ, Ристоски, Пецаноски и Стојаноски се играчите кои ќе патуваат во Скопје по првата победа во новата сезона.
Натпреварот се игра од 18 часот, во текот не денот ќе објавиме линк преку кој ќе може да се следи натпреварот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ