Поврзи се со нас

Гостивар

Книгите во карантин, па пак на полица – во библиотеката во Гостивар има нови правила

Објавено

на

Заштитата од коронавирус станува приоритет и за установите кои делуваат во областа на културата. Во тој правец промени има и во работењето на градската библиотека во Гостивар. За да се најдат повторно на полица и да може да се издаваат, книгите вратени од читатели најпрво мора да поминат три дена во карантин. Раководството на гостиварскиот Центар за култура, во чиј склоп функционира библиотеката оваа пракса ја презело по светски примери, за да ги заштити читателите, со оглед на сознанијата дека коронавирусот може извесно време да се задржи на хартија.

Библиотеката извесно време беше и затворена, но сега веќе има воспоставено нормален тек на работа.

„Библиотеката сега функционора на начин што книгите кои ги враќаат нашите членови, задолжително се оставаат во карантин три дена, пред да може повторно да се позајмуваат. Интересот за читање, за среќа не се изгуби кај нашите читатели, и тие што го сакаат пишаниот збор и ја негуваат културата на читање, доаѓаат и земаат книги. Се разбира притоа се почитуваат општите мерки на заштита: носење маски, дезинфекција и ред во влегувањето внатре со одржување на растојание. Во изминатиот период го имаме збогатено и книжниот фонд со нови наслови популарна литература на албански и на македонски јазик“, вели Ход Мифтари, директор на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар.

Пандемијата го диктира и организирањето на културните настани воопшто, како изложби, театарски претстави, промоции и слично. Центарот во Гостивар во текот на месеците кога имаше карантини и полициски час, направи напор да не се заборават културните вредности, преку неколку онлајн настани. Се организираа концерти и проекции кои публиката можеше да ги следи преку интернет.

Градската библиотека во Гостивар, инаку е една од најстарите во земјава, а за читателите на располагање има над 65.000 наслови на книги од секаков вид на литература.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 7 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 8 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 16 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 24 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена