Гостивар
Во Гостивар приведени дилери – имале торба со 2 килограми марихуана
Двајца државјани на Албанија вчеравечер биле уапсени во Гостивар поради марихуана. МВР соопшти дека полициски службеници од ОВР Гостивар, на ул.„Боге Велјановски“ извршиле преглед кај двајца албански државјани, при што била пронајдена торба со два килограми марихуана. При обид за нивно легитимирање, албанските државјани физички ги нападнале полициски службеници, спречувајќи ги во вршење на службени дејства. Од страна на полициските службеници бил лишен од слобода С.Џ.(21) од Пешкопеја, Р.Албанија, додека М.А.(19), исто така од Р.Албанија, се дал во бегство.
По засилени мерки и активности преземени од полицски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во соработка со СВР Тетово и СВР Охрид бил пронајден и лишен од слобода и М.А., а дополнително била пронајдена уште една полиетиленска ќеса со марихуана.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ