Гостивар
СОНК: На наставниците да им се дозволи од дома да држат онлајн настава, да се користат УВ светилки во училниците…
Синдикатот за образование и наука излезе со предлог мерки за заштита од ковид, упатени до градоначалниците и општините.
„Како градоначалник и како Општина имате големи надлежности врз организирање на работата и воспитно-образовниот процес во училиштата од Вашата Општина, а особено во овој период на пандемија од смртоносниот вирус Ковид-19. Од таа причина, се обраќаме до Вас со упатување на неколку предлози од наша страна, со што сметаме дека ќе придонесеме заеднички во намалување на ризикот од ширење на заразата помеѓу вработените во училиштата и што е најважно, спречување на евентуални можни кобни последици.
- Безусловно почитување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа, при што директорите на училиштата треба да изготват и спроведат Изјава за безбедност за секое работно место. Исто така, согласно овој закон, да се изработи Проценка на ризик на работните места, како и утврдување на Ковид возраст на вработените.
- Како резултат од погоренаведеното, Ви предлагаме да извршите реорганизација на работниците и тоа:
-повозрасните работници и работниците кои имаат поголема Ковид возраст да се префрлат на работни места коишто ќе бидат со помала можност за физички контакт со други луѓе односно со помал ризик од зараза;
-работниците кои своите работни обврски можат да ги извршуваат по електронски пат од далечина, да им се дозволи тоа да го прават во домашни услови;
-на сите оние наставници, кои изведуваат настава од далечина од училишните простории, доколку изразат желба тоа да го прават во домашни услови, со сопствен интернет, компјутер итн., тоа да им биде дозволено од страна на директорот;
-на оние наставници, коишто патуваат до училиштето со јавен градски превоз или групирани во приватни возила, каде што за жал нема соодветни услови за настава од далечина, по нивно барање да им се овозможи настава од далечина од дома;
-во паралелките каде што се изведува настава со физичко присуство, освен веќе пропишаните заштитни мерки и средства, да се користат и UV светилки кои што се докажани во стерилизација на просторот.
За дел од овие предложени конкретни мерки СОНК и МОН веќе разговараа и ги усогласија ставовите, а како резултат на тоа, од страна на Министерката за образование и наука, на 21.10.2020 година, беше упатено Известување до директорите на училиштата, со можност за организација и реорганизација на воспитно-образовниот процес.“, се наведува со соопштението од СОНК.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски