Магазин
Сто илјади долари почетна цена за телефонот на Хитлер
Телефонот на Адолф Хитлер, утре ќе биде ставен на продажба на аукција во Америка. Се работи за личниот телефон на Фирерот, преку кој најчесто ги давал своите команди во последните две години од Втората светска војна.
Телефонот од бакелит (вид пластична маса, вештачка смола) оригинално имал црна боја, но подоцна бил бојадисан во црвено. На него го има нацистичкиот симбол, свастиката и изгравирано името на Хитлер.
Почетната цена по која ќе се продава телефонот е 100 илјади долари, но се очекува на аукцијата таа да достигне два до три пати повеќе.
Телефонот бил пронајден во Бункерот на Хитлер во Берлин во 1945 година и завршил во раце на британски војник како подарок од руски војници. Сега, синот на британскиот војник кој го наследил телефонот, решил да го продаде.
На аукцијата, покрај телефонот ќе се најдат уште илјада други предмети од различни историски периоди и важни светски настани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените