Рецепти
Ќе ве згрее и ќе ви годи – Компот од портокал и лимон
Порано речиси секојдневно се подготвуваше во домовите, особено во студените есенски и зимски месеци – неговото величество, компотот. Вкусен е и годи на целиот организам, без оглед со кое овошје се прави. За инспирација, споделуваме рецепт за компот од портокал и лимон.
Состојки
50 мл. мед
4 лимони
75 г шеќер
2 литри чиста вода
6 портокали
Подготовка
Најпрво добро измијте го овошјето, не го лупете. Исечете го на тенки кругови, при тоа отстранете ги сите семки. Круговите лимон и портокал ставете ги во тенџере, додадете го шеќерот и лесно стиснете ги со вилушка, за да пуштат малку сок.Залијте со вода и оставете да се вари, околу половина час. Медот се додава кога компотот ќе се подолади, при што треба убаво да се измеша.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ