Гостивар
Клуч на врата за локали во Гостивар каде на маса седеле повеќе од 4 гости
Во периодот од 23 ноември до 29 ноември Државниот пазарен инспекторат на ниво на целата држава извршил 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. „Притоа, поднесени се 18 прекршочни пријави, 31 прекршочен платен налог и 54 решенија. Од овие 54 решенија, две решенија се донесени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и се однесуваат на 2 угостителски објекти од Гостивар кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса, поради што изречена им е забрана за работа и соодветна глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице.“, соопштија од државниот Инспекциски совет на денешната прес конференција.
Во истиот период, Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 80 надзори, а биле издадени 12.218 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени, а дополнително издадени се и 9 решенија за констатирани неправилности.
Државниот инспекторат за транспорт во изминатите седум дена изврши 43 надзори, при што изречени се 8 прекршочни пријави, 7 решенија и 1 платен налог за прекршувања на материјалните закони. Од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, не биле констатирани прекршувања на законот и на протоколите за превоз на патници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!