Поврзи се со нас

Гостивар

Русино – Министерот Нуредини издаде наредба за итно спроведување на брзите мерки

Објавено

на

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, издаде наредба на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, преку изведувачот „Пелагонија“ АД Гостивар и ЈКП „Комуналец“ Гостивар, да спроведат брзи мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на постојната локација за отстранување на отпад во Русино, Општина Гостивар.
Брзите мерки треба да опфатат изградба на систем за третман на исцедокот кој се состои од насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија, административна куќарка за вработените, вага за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање и делница каде ќе се постави вагата, за што се обезбедени средства преку Проектот за воспоставување на новиот регионален самоодржлив систем за управување со комунален отпад во целиот Полошки регион преку грант од Швајцарската Влада за Владата на РСМ од 1.900.000,00 швајцарски франци. Овие активности досега не беа спроведени поради административно одоговлекување на постапките, заради што министерот Нуредини согласно начелата за превенција и висок степен на заштита од Законот за животна средина, издаде наредба со која ќе се спречи натамошното зголемување на акумулацијата на полутанти во сите медиуми на животната средина во пошироката околина и загрозување на здравјето на луѓето.“, соопшти Министерството за животна средина.
Од таму информираа дека во рамки на проектот досега се реализирани следните активности: Изработен и одобрен од страна на МЖСПП Регионален план за управување со отпад за Полошки регион; Стратешка оцена на животната средина на планот (СЕА); Физибилити студија (ФС); Анализа на придобивките и трошоците (АПТ); Оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС); Детални проекти и помош при подготовка на тендерски дoкументи за договори за работи и набавки за изградба на избраните постојки за претовар, третман и отстранување на отпад, за затворање и санација на нестандардни депонии и диви депонии и за набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад сообразно со стандардите на ЕУ; Подготовка на севкупната документација за основање на Регионално Јавно Претпријатие за управување со отпад за Полошкиот регион; кое ќе управува со идната регионална депонија, а ќе се финансира сразмерно од страна на секоја општина; Набавени се контејнери за сите општини во Полошкиот регион; и Изработени и емитувани се ТВ спотови за подигнување на јавната свест кај граѓаните.
Успешното завршување на овој проект е предуслов за обезбедување на дополнителни средства за изградба на санитарната депонија, потенцираат од Министерството.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 3 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 5 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 7 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 8 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 9 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 10 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 21 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 23 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена