Гостивар
Разбиена саботна журка со музика и девојки во локал во гостиварско
Синоќа во периодот од 21.40 до 23 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај патот Гостивар-Тетово, во атарот на Неготино Полошко, сопственост на 20 годишник.
Според информациите од полицијата објектот работел по дозволеното време и внатре имало околу 20 гости, музичари, а биле затекнати и 11 девојки ангажирани на црно. Од нив 4 биле албански државјанки на возраст од 19 до 32 години. Тие биле приведени поради злоупотреба на туристички престој и ќе бидат предадени на Одделот за прекуграничен криминал и реадмисија за натамошна постапка. Сопственикот на локалот бил приведен и против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело „непостапување според здравствени просписи за време на епидемија“.
Инспектори на Државниот пазарен инспекторат го затвориле локалот и издале времена забрана за работа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ