Спорт
2МФЛ: ФК Гостивар ќе презими на 3 место – ФК Вардар Форино на 9 место на табелата
Викендов се одигра последно коло во оваа 2020 година во Втората македонска фудбалска лига – Запад. Екипата на ФК Скопје е есенски првак. Претставниците на Гостивар во ова натпреварување после 16 одиграни кола ќе презимат: ФК Гостивар на 3. позиција, ФК Вардар од Форино на 9. позиција на табелата.
Во последниот натпревар од есенскиот дел ФК Гостивар на Градскиот стадион во Гостивар, ја пречека екипата на Велазерими 77 од Кичево, совладувајќи ја со резултат 1-0. Единствениот погодок за гостиварци го постигна Арменд Даути во 36. минута. Гостиварци успеаа да соберат вкупно 30 бодови, завршувајќи го првиот дел на 3. позиција на табелата, позади ФК Скопје кој има 37 и екипата на Велешта со 30 бодови, но подобра гол разлика од гостиварци.
ФК Вардар Форино во соседското дерби, во директен дуел за опстанок во лигата, загуби од екипата на Лабуништа/Тетекс во Тетово со резултат 3-1. Домаќините ја обезбедија победата за 60.минути, тресејќи ја 3 пати мрежата на гостите, единствениот погодок за форинци го постигна Таири во 68. минута. Со овој пораз Вардар од Форино си ја за закомпликува борбата за опстанок. Поради полошата гол разлика од екипата на Тететс, а со ист број на бодови 13, ќе го дочека пролетниот дел на 9. позиција, односно во опасната зона која води во понизок ранк.
Пролетниот дел во 2МФЛ – Запад, треба да започне кон крајот на февруари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!