Поврзи се со нас

Вести

Канцеларија за бесплатни совети и прегледи на Ромите во Гостивар

Објавено

на

разговор со д-р Ариф Пини, проектен координатор

Од пред четири месеци во Гостивар функционира канцеларијата за бесплатна правна помош и совети од областа на здравството за ромската популација од гостиварскиот регион. Активноста е дел од проектот „Секој има право на здравствена заштита“ на  Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ од Тетово. Со проектниот координатор задолжен за Гостивар, д-р Ариф Пини, поразговаравме околу работата на канцеларијата и досегашните резултатите од проектот.

Од каде потребата да се отвори ваков вид на канцеларија во Гостивар и која е целта на нејзиното функционирање?

Д-р Ариф Пини: Од статистичките податоци кои ние ги поседуваме, ромската популација се карактеризира со голем степен на хронични заболувања и се соочува со поголем морталитет за разлика од другите заедници. Таквите податоци не` наведоа да започнеме со оваа советодавна канцеларија. Знаеме колку е важно да се спречи нешто, да се делува превентивно пред да настане заболување. Така и најефтино и најефикасно се делува во областа на здравството . Во рамки на канцеларијата работи советодавен центар, во кој студенти на медицина Роми вршат превентивни прегледи, мерење на шеќер и крвен притисок. Тука се ангажирани и параправници кои даваат совети на ромското население од областа на здравството и административно им помагаат околу вадење на документи потребни за остварување на правата од здравството.

Каков е интересот од граѓаните од ромската популација? За што најчесто ви се обраќаат кога е здравјето во прашање?

Д-р Ариф Пини: На почетокот им беше нејасно која е задачата на оваа канцеларија, но со тек на време одлично ја прифатија. Доаѓаат особено оние кои имаат хронични болести, потоа оние со зголемен крвен притисок, затоа што имаат потреба во текот на денот да го измерат и да видат дали терапијата им делува. Тоа им е еден вид на контрола и може да кажам дека досегашните коментари се позитивни.

Кои се вашите сознанија, дали Ромите имаат пристап до здравствените институции и услуги?

Д-р Ариф Пини: Што се однесува до здравствените институции, имаат пристап да се лекуваат. Но, се соочуваме со друг проблем, а тоа е што често доаѓа до иселување, па враќање на Ромите во исто место, па им се губат одредени документи. Тука, ние излегуваме во пресрет, бидејќи свесни сме дека за да се ужива правото во здравството, потребна е одредена документација. Имајќи ги во предвид сите проблеми со кои се соочува ромската популација, јасно е дека имаат потреба од асистенција за пополнување на барања, средување на документите. Таков вид на помош, до сега им била пружена на педесетина граѓани Роми од Гостивар. Се случуваше некои од нив да не знаат каква е процедурата, каде се институциите и слично, па заедно со нив нашиот тим одеше до надлежните институции и им помагаше во комплетирање на формуларите.         

Канцеларијата за помош и совети се наоѓа на ул„29-ти Ноември“ зад општинската зграда и работи секојдневно за граѓаните Роми кои имаат потреба од таков вид на помош.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена