Поврзи се со нас

Гостивар

Плакета и вратоврска од Општина Гостивар за младиот успешен физичар Мухамет Алија

Објавено

на

Младиот гостиварец Мухамет Алија, гради европска истражувачка кариера во областа на физиката на ниски температури. Тој е докторант на Институтот за технологија на висок напон и електрични системи на енергија при Техничкиот универзитет во Брауншвајг, Германија.

За неговиот успех говори и фактот што е дел од тимот на истражувачкиот центар Лаплас на престижниот француски универзитет Тулуз.

Алија денес беше на прием кај градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кого го запозна со својата работа и научна дејност.

„Грантот на Еразмус + Плејсмент му даде можност каква не му даде нашата држава, за да развие свој истражувачки проект Универзитетот Тулуз III – Пол Сабатиер. Нашата држава, а посебно Гостивар, има потреба од повеќе квалификувани стручњаци како што е Мухамет, затоа сметам дека не треба да заминува, туку треба да остане во родниот крај, откако ќе ги заврши студиите за да даде придонес во земјава“, рече градоначалникот.

Алија му се заблагодари на градоначалникот Таравари за почитта и неговото ангажирање за унапредување на младите луѓе да се занимаваат со наука.

„Сега сум трета година докторатура. Институтите во Германија и Франција кадешто се едуцирам имаат искуство во областа на плазмафизиката на ниски температури веќе 30 години. Освен истражувачката дејност, сакам да кажам дека ми причинува задоволство и кога можам моето знаење да го пренесам на нови студенти, кои се интересираат за науката. Во оваа прилика би сакал да искажам благодарам за укажаната чест што сум денес во општина Гостивар“, рече физичарот.

Од градоначалникот Алија доби плакета со симболот на градот Саат Кулата и вратоврска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена