Гостивар
Се‘ уште е непознато кој е мртвиот маж извлечен од Вардар кај Чегране, обвинителство потврди насилна смрт
И по пет дена откако беше извлечено телото на машко лице од водите на Вардар под мост меѓу селата Чегране и Тумчевиште, идентитетот на починатиот не е утврден. Јавното обвинителство ги потврди првичните сознанија, дека смртта настапила насилно од огнено оружје. Повеќе детали како се случил трагичниот настан, за сега нема. Од ЈО за Gostivarpress.mk информираа дека случајот го проверуваат, заедно со останатите надлежни институции.
„Идентитетот на починатото лице до овој момент не е утврден. Лицето има огнострелни повреди на телото, со што е потврдено дека станува збор за насилна смрт од истрели од огнено оружје. Претстојат детални проверки и извештаи со кои треба да се утврди причинско последичната врска за настанување на смртта, за што јавното обвинителство и надлежните органи во континуитет преземаат дејствија.“, соопшти обвинителството.
Безживотното тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години, беше извадено од Вардар на 31 декември 2020-та година, откако околу 13.30 часот во Полициска станица Гостивар беше пријавено дека под мост помеѓу селата Чегране и Тумчевиште, бил забележан човечки труп.
Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител врз телото е извршена обдукција.
До овој момент останува неразјаснето што точно се случило.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 4 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски