Гостивар
Печалбарите го зголемија приходот на ЈП паркинзи – Гостивар за 20%
Иселениците коишто периодов престојуваа во родниот крај се значајна финансиска инјекција за локалната економија, а од нив се офајди и Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар. Според нивните пресметки печалбарите ги зголемиле приходите на фирмата за околу 20%.
„Може да кажеме дека печалбарите го освежија градот, нивното доаѓање и престој за нашето претпријатие влијаеше позитивно. Финансиските пресметки се дека приходите се зголемиле за околу 20%“, вели директорот на претпријатието Беким Челебиу, додавајќи дека минатата година и покрај пандемијата, карантините и полицискиот час, претпријатието успеало да ги заврши планираните проекти и активности.
„Загуба секако имаше, тоа не може да се избегне, но последните три месеци од 2020-та состојбата значително се подобри.“, рече Челебиу.
За време на престојот на печалбарите за бесплатно паркирање беа отворени паркинг-просторите на сите гостиварско училишта, за да се обезбедат дополнителни паркинзи и да се избегнат сообраќајни гужви.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ