Поврзи се со нас

Вести

Кој ги пустоши црквите во гостиварско?

Објавено

на

Серијата на кражби во светите храмови на поширокото гостиварско подрачје, продолжи и викендов. Крадци влегле во две цркви и ги зеле парите што верниците ги оставаат за здравје. И овојпат не се работи за голема сума на пари, но јавноста е вознемирена поради фактот што станува збор за кражби во верски објекти, кадешто граѓаните одат за духовен мир и молитва.

Викендот што измина пријавени се два случаи. Првиот во црквата „Св.Никола“ во селото Маврово. За сега непознати сторители насилно ја отвориле влезната врата и одзеле 150 денари и 600 албански лека(околу 300 денари). Парите биле оставени на икони и на местото од кадешто се купуваат свеќи. Слична кражба е пријавена и во храмот „Св.Кирил и Методиј“ во Маврови Анови. И таму крадците насилно ја отвориле влезната врата и ги однеле парите од верниците, околу 200 денари. Освен тоа предизвикале и материјална штета, која е поголема и од самиот плен.

Од почетокот на годината до сега, низ населените места од гостиварско и во мавровскиот крај, регистрирани се седум кражби во цркви.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена