Вести
Гостиварскиот „Мост на демократијата“ ќе биде готов во април (фото)
Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Гостивар, влегува во завршните фази. Денес на терен започна поставувањето на бетонот, по што ќе следува асфалтирање. Според најавите, мостот кој ќе носи име „Мост на демократијата“, ќе биде пуштен во употреба на почетокот на месец април.
„Со изградбата на мостот го решаваме најголемиот проблем во сообраќајот и повеќе нема да има сообраќајно оптоварување во центарот на градот. Го нарековме „Мост на демократијата“ затоа што е првиот мост што се гради во Гостивар во демократскиот систем.“, рече во својата изјава градоначалникот Невзат Бејта, кој заедно со своите соработници беше да го проследи текот на работите на терен.
Мостот ќе има четири коловозни ленти, со надградба на пешачка и велосипедска патека од двете страни. Предвидено е да биде долг 42 метри и широк 20 метри.
Изградбата започна кон крајот на мај, минатата година. Проектот чини околу 380 илјади евра, пари кои се обезбедени преку меѓународна соработка, со Фондот за развој на инфраструктурата на општините со седиште во Луксембург.
Изведувач на работите е градежната компанија АД „Пелагонија“ од Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди