Поврзи се со нас

Гостивар

Ковид вакцинацијата кај нас ќе започне со кинеските вакцини, најавени 200.000 дози

Објавено

на

Според најавите кои денес ги даде министерот за здравство Венко Филипче  вакцинацијата против ковид во земјава ќе започне овој месец, кога се очекува да пристигнат 200.000 дози од кинеската вакцина Синофарм.

„Не би шпекулирал во однос на точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа, после што истиот ќе го објавиме. Со тоа ќе започне вакцинацијата, најпрво за приоритетните групи“, изјави министерот кој нагласи дека сите вакцини на пазарот се безбедни и како здравствена власт немаат задршка кон ниту една вакцина.

Според Национален план за имунизација на населението против ковид 19, вакцинацијата  ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза предвидено е да се вакцинираат здравствените работници и ризичните групи: постари лица со висок ризик да развијат болест и хронично болни.

Друга пратка вакцини која е најавена за март треба да стигне преку Ковакс системот и ќе бидат од компанијата Астра Зенека.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена