Гостивар
Хасани: Гостивар во хаос од снег, општината нема договор за зимско одржување
Снегот е нова тема за која локалната опозиција во Гостивар ја чепна општината. Претседателот на гостиварскиот огранок на ДУИ, Башким Хасани на прес конференција посочи дека Гостивар е блокиран од снегот и дека општината воопшто не склучила договор со фирма за зимско одржување на улиците и патиштата.
„Ова може да се случи само во општина Гостивар, среде зима општина Гостивар сè уште нема потпишан договор со ниеден оператор за одржување на патиштата, како што е пракса во секоја друга општина и како што било пракса секогаш, во општина Гостивар. Јавно го прашуваме соработникот на ѓаволот зошто заглави постапката за тендер? Дали бандите интервенираа и не беше постигнат компромис кој ќе го контролира тендерот, и кој ќе го добие процентот? Јасно е дека градоначалникот е фатен од бандите и справувавајки се со коалицијата со ѓаволот, ги заборавил граѓаните, а за свој приоритет јаставел политичката и корумпирана агенда, не остварувајќи ги своите овластувања во задачите што му ги доверија гостиварчани. Граѓаните со право го изразуваат својот револт од занемарувањето од страна на локалната самоуправа. Тие обезбедија докази за хаотичната состојба на теренот, и тоа, со само еден ден снежни врнежи. Замислете снежните врнежи да траат со денови.“, рече Хасани и запраша како без договор општината ќе ги плати неколкуте оператори кои излегле да работата на терен: „ Ако операторите излегле на терен и работат доброволно, тогаш јавно им се заблагодаруваме, но ова не го амнестира градоначалникот од неодговорноста што ја има како градоначалник, бидејќи во претходните години тој плаќаше на оператори, дури и кога немаше снег. Се надеваме дека одговорот на градоначалникот, кој постојано ја игра улогата на жртва, нема да биде дека ДУИ му ги одзеде овластувањата за расчистување на снегот.“
По прес конференцијата, новинарите побараа став и одговор од Општина Гостивар, од каде рекоа дека не сакаат да ги коментираат прес конференциите на ДУИ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!