Гостивар
За неколку часа скоро 200 казни за брзо возење во Гостивар и Тетово
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера (21 февруари) од 11 до 17 часот, спроведена е акциска контрола за брзина во која била изречена вкупно 191 мерка. Сто и дваесет од мерките биле за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (Тетово-70 и Гостивар-50).Од нив, 20 мерки (Тетово-4 и Гостивар-16) се однесувале за пречекорувања поголеми од 70 километри на час, а 68, по 34 во двата региона, за пречекорувања од 50 до 70 километри.
Покрај ова, билa изреченa и 71 мерка (Тетово-39 и Гостивар-32) за пречекорувања на максимално дозволената брзина во населено место.Една од изречените мерки била за пречекорување за над 50 километри на час.
„Нешто подоцна, на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници од тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, со употреба на таканачениот „ноќен радар“ од 20 до 23 часот, реализирале засилени контроли, исто така, за брзина. Откриени и законски санкционирани биле 19 возачи, од кои девет ја пречекориле брзината за над 70, а десет од 50 до 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.“, соопшти СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените