Гостивар
Првата група медицинари од Гостивар ќе прими антиковид вакцина во четврток
Четириесетина здравствени работници од општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар ќе бидат првите од персоналот коишто ќе примат вакцина против коронавирус. Се работи за лекари, медицински сестри, техничари и лаборанти од инфективното одделението, лабараторијата и рентген одделот. Тие ќе се вакцинираат во четврток (25 февруари) на вакцинален пункт во Скопје.
„Во првата група ќе бидат вакцинирани колегите кои актуелно се вклучени директно во третманот на ковид болни. Тоа е бројка од околу 40 вработени во болницата, сите тие ќе бидат вакцинирани во модуларната болница во ковид центарот во Скопје. Што се однесува до останатиот персонал, ние направивме листи и ги доставивме до Министерството за здравство. 417 здравствени работници од персоналот изразија желба за вакцинирање и како што ќе оди последователно снабдувањео со вакцини во нашата држава, така ќе се вакцинираат. Тоа ќе се одвива во новата модуларна болница, има посебен простор, назначени се екипи и подготвен е протокол. Се надевам дека до крајот на неделата модуларната болница и официјално ќе биде пуштена во употреба, така што ние целосно сме подготвени за тој процес.“, изјави директорот на болницата Јакуп Јакупи. Имунизацијата против коронавирус во Македонија започна пред една недела, со вакцини донација од соседна Србија. За сега се вакцинира само здравствен персонал. Министерството најави дека до крајот на неделава се очекуваат и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200 илјади кинески вакцини.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!