Поврзи се со нас

Македонија

Смртните случаи зголемени за 62%, пораст и на новозаразени – неделен ковид извештај

Објавено

на

Во неделниот извешатј на Институтот за јавно здравје регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи на корона од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела. Процентот на позитивни од тестирани просечно е 14,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.007).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (575. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (445), 40-49  (442), 50-59 (413) и 20-29 (300). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (38) и 10-19 години (107).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела.

ИЈЗ информира дека се пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години.

Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека зголемениот број на заразени лица со КОВИД-19, последниве неколку дена се должи на присуството на „британскиот сој“ на вирусот, за кој е карактеристично тоа што многу брзо се шири. Анализите на МАНУ ќе бидат објавени во наредните денови, а од приватната клиника Жан Митрев посочуваат дека според нивните анализи, кај 70% од пациентите е детектиран „британски сој“. Филипче вели дека во некои градови во државата зголемен е бројот на хоспитализации по болниците, но не до тој степен болничките капацитети да се загрозени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Вестипред 5 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 14 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 21 час

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 23 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена