Вести
Почина легендата на хрватскиот фудбал Златко „Цицо“ Крањчар
Легендарниот фудбалер и тренер, поранешен селектор на хрватската фудбалска репрезентација Златко Крањчар почина денеска во Загреб на 65-годишна возраст.
Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, поради влошената состојба бил пренесен во Загреб, каде ја губи битката, пренесува 24sata.hr.
Крањчар е роден во Загреб на 15 ноември 1956 година. Уште од рана возраст беше поврзан со Динамо, каде го помина поголемиот дел од кариерата освојувајќи ја шампионската титула 1982 година и два Купа. Играчката кариера ја заврши во Санкт Полтен во 1991 година.
Легендарниот Цицо беше капитен и на хрватската фудбалска репрезентација на историскиот прв натпревар помеѓу Хрватска и САД (2-1) одигран на 17 октомври 1990 година. Златко Крањчар беше исто така една од најголемите „сини деветки“ во историјата на Динамо и голем миленик на сите навивачи на клубот од Максимир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница