Македонија
Спасовски: Полицискиот час никој не го посакува, но е неопходна мерка да го прекинеме ширењето на вирусот
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва беше во обиколка на неколку контролни пунктови во Скопје, со цел увид во организацијата на активностите за контрола на полицискиот час. Да ја почитуваме забраната за движење и заеднички да придонесеме за заштита на здравјето, порача министерот.
Вечерва извршив обиколка на неколку контролни пунктови во Скопје и можам слободно да констатирам дека се преземени сите потребни активности за контрола на ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот според одлуката на Владата. Нашата полиција, полициските службеници од сите организациони единици во МВР, во текот на глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, се на првата линија на превенција во заштитата на здравјето и животот на сите наши граѓани, подготвено, плански и темелно постапуваат во спроведување на мерките, а се само со една цел – што побрзо и пред сѐ, што побезболно да го надминеме ризикот по здравјето на луѓето, да ги заштитиме нашите сограѓани, да превенираме, но и да санкционираме доколку тоа биде потребно. Забраната за движење е мерка која никој не ја посакува, но е неопходна за да го прекинеме ланецот на ширење на вирусот“, рече Спасовски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!