Гостивар
Трите деца кои го загубија братчето во пожар во Гостивар добиваат грижа и поддршка за подобро утре
16 март годинава беше потресен ден за Гостивар. Во пожар во стан во зграда на ул „Кеј Вардар“ животот го загуби седумгодишно дете. Случајот отвори многу прашања и дилеми откако беа објавени првичните наводи на институциите, дека детето било врзувано. Обвинителството ја сомничи неговата мајка за груба повреда на семејните обврски и 35 годишната жена се наоѓа во притвор.
Во станот кој изгоре, мајката живеела под ќирија заедно со четири деца и својата сестра. Останатите три дечиња (2, 6 и 9 години) од семејството се згрижени на безбедно, а стручниот тим од гостиварскиот Центар за социјална работа, кој е вклучен во давањето поддршка и помош на децата, оценува дека нивната психичка состојба се подобрува. Стручните лица се оптимисти дека децата со грижата што ја добиваат целосно ќе се стабилизираат и ќе израснат во успешни личности. Во нив гледаат потенцијал и желба за посветла иднина.
„Како што е познато, едното дете од семејството почина во пожарот, ние како Центар за социјална работа го организиравме погребот. Другите три дечиња, кои за среќа не беа повредени, ги згриживме на безбедно, на место со многу убави услови, имаат едукатори, негуватели, луѓе што се грижат за нив. Трагедијата им донесе големи трауми, кои полека ќе треба да се надминуваат, но може да кажеме дека веќе се во многу подобра психичка состојба. Ние како Центар целосно, заедно со директорката, направивме се‘ децата да не останат на улица, и да им помогнеме во таа болка што ја доживуваат поради загубата на нивниот брат. Веруваме дека што поскоро ќе се соземат целосно и ќе продолжат со животот како што треба. Инаку, тоа се навистина многу паметни, интелигентни деца и мислам дека ќе успеат да ја надминат оваа криза, да застанат на свои нозе како успешни и вредни луѓе“, вели Азби Шаќири, психолог и раководител на Секторот за професионална работа во Центарот.
Во натамошните постапки, институциите ќе ја утврдуваат точноста на првичните наводи, причините за пожарот, одговорноста итн.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!