Гостивар
63 напади, тепачки и други нарушувања на ЈРМ за три месеци во Гостивар
Во првото тримесечје од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово регистрирани се вкупно 115 нарушувања на јавниот ред и мир, од кои 52 на тетовското и 63 на гостиварското подрачје. Според анализите на СВР тоа е 4% помалку во споредба со истиот период на минатата година.
Најголемиот број од нарушувањата, односно прекршоците се целосно расчистени и заокружени со 134 барања за поведување на прекршочна постапка против 169 сторители.
Евидентирано едно нарушување на ЈРМ на спортски натпревари. Меѓу прекршоците во трите месеци, јануари, февруари и март годинава, најбројни-58 се физичките напади (Тетово-25 и Гостивар-33), тепачките-9 (Тетово-5 и Гостивар-4), а регистрирани се и 18 случаи на карање, дрско и непристојно однесување (Тетово-12 и Гостивар-6), како и 10 случаи (Тетово-3 и Гостивар-7) на агресивно однесување кон службено лице.
„Најчесто место на случување и во периодот за кој станува збор се улицата и угостителските објекти во град, а биле извршени со поединечно учество на сторителите, најчесто од машки лица, додека само во 7 случаи биле инволвирани жени.“, информира СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ