Гостивар
Јончевски и Костоски: Веруваме дека може да го подигнеме пехарот во недела
Денеска во СЦ Кале во Скопје се одржа заедничка прес-конференција на сите учесници, во пресрет на Купот на Македонија што од 14-16 мај (петок – недела) ќе се одржи во Скопје.
На прес конференцијата присуствуваа тренерите и капитените на сите 8 екипи. Јончевски и Костоски од КК Гостивар, оптимисти пред финалниот турнир.
„Ја поздравувам идејата и одлуката овој Куп да прерасне во традиција со ликот на Благоја Георгиевски Буштур. Директорот кажа дека е чест да се носи тоа име, но претставува и обврска за сите нас да прикажеме добра игра. Се работи за специфично натпреварување. Тука предност ќе дадам на оние екипи кои имаат поширока клупа и на оние кои имаат македонски играчи во своите состави. Ги издвојувам МЗТ со шест репрезентативци, но не сакам да ги исклучам и играчите на Гостивар кои се поранешни репрезентативци, кои верувам дека не го кажале последниот збор. Нормално се подготвуваме за Еуро Никел, немавме многу време за тоа од одигрување на последниот важен натпревар кој одлучуваше распоред на табела, но што е тука е. Веруваме дека, можеме да направиме добар резултат, добра игра и секако пехар. Ќе биде тешко, но Гостивар во оваа сезона победи кој било противник така што со право веруваме дека можеме да го кренеме пехарот во недела“, истакна шефот на стручен штаб на гостиварци, Александар Јончевски.
„Околу натпреварот против Еуро Никел, имавме веќе две победи против нив во регуларниот дел, но искуствата во Купот велат нешто друго. Посветуваме повеќе време на детали овој период, детали кои ќе ни бидат важни на натпреварот. Се надевам на добра игра, да ги дочекаме и сабота и недела“, рече Александар Костоски.
Купот кој ќе се одржи во салата на СРЦ Кале во Скопје, од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“, во чест на покојната македонска кошаркарска легенда.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ