Магазин
Би живееле ли во земја која има Министерство за среќа?
Не е шега. Во малата подхималајска држава Бутан, среќата е толку важна работа за граѓаните, што таа како право е наведена во Уставот, за неа постои посебно Министерство, а едно од задолжителните прашања на пописот е „дали сте среќни?“.
Овој интересен податок ви го пренесуваме по повод Меѓународниот ден на среќата, 20 март. Како таков, прогласен е од Генералното собрание на ОН на 28 јуни 2012 год.
Идејата за Светски ден на среќата потекнува токму од кралството Бутан, каде од 1976 година е воведен параметар „бруто национална среќа“. Во оваа земја во пописот спроведен 2015 година, 35% од жителите одговориле дека се „многу среќни“, 47,9% од дека се „умерено среќни““, а само 8,8 отсто од испитаниците се изјасниле како несреќни.
Властите во Бутан сметаат дека за среќно население неопходна е убава и сочувана природа. Зеленилото и здравиот екосистем се главниот дел од бруто националната среќа. Така, шумите не се сечат, граѓаните се трудат да засадат што повеќе стебла, а централниот и јужниот дел од земјата се многу богати со флора и фауна. Ловот на речиси сите животински видови е забранет.
Инаку, некои земји, како Канада, Франција, Велика Британија, Јапонија, Италија имаат воведено индекс на граѓанска среќа во официјалните национални статистики.
Во Македонија може само да се прашаме едни со други: Дали и колку сме среќни?
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!