Поврзи се со нас

Македонија

Лани 6.724 повеќе умрени од родени, просечна возраст на починатите 73 години

Објавено

на

Минатата година во земјава се родиле 19 031, а умреле 25 755 лица, со што е евидентиран негативен природен прираст од 6724 луѓе.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, минатата година во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.

Во градските подрачја умреле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.

Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена