Гостивар
Поради доаѓањето на печалбарите паркиралиштата во училиштата во Гостивар отворени за бесплатен паркинг
Во Гостивар во текот на летната сезона, кога сограѓаните иселеници престојуваат во родниот крај, значително се зголемува сообраќајната фрекфенција, особено во централниот дел на градот. За да се намалат гужвите и нервозите кај возачите, се обезбедуваат дополнителни места за паркинг на паркиралиштата во основните и средни училишта.
„Продолжуваме со праксата како и изминатите години и ги ставаме во функција паркинзите во основните и средните училишта, каде паркирањето ќе биде бесплатно. Ова се прави со цел да обезбедиме на нашите сограѓани подобри услови за време на нивниот престој во родниот крај.“, вели директорот на ЈП за паркинзи и зеленило, Беким Челебиу.
За зонското паркирање и затворените паркиралишта се наплатуваат соодветни билети за едно користење паркинг, неделни, двонеделни и месечни. Најавено е дека за поголем ред во сообраќајот во Гостивар, во летната сезона ќе се интензивира работата на пајак службата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!