Гостивар
Во Бигорски одбележување на манастирската слава Иванден

Во Бигорскиот манастир вечерва започнува одбележувањето на манастирската слава во спомен на раѓањето на Јован Крстител – Иванден.
Како што најавија од древниот македонски свет храм, вечерва ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20.30 часот, на кое молитвено ќе претстои Игуменот г. Партениј. Светата архиерејска литургија утре (7 јули) ќе започне во 9 часот и со неа ќе чиноначалствува Митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и Игуменот г. Партениј.
„Ве известуваме дека поради постојната пандемија на Ковид-19, а согласно мерките и препораките на Министерството за здравство, како и на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, празникот на Рождеството на Свети Јован крстител во Бигорскиот Манастир, ќе се празнува со строго запазување на предвидениот протокол за заштита, односно со држење на соодветно растојание, носење на заштитни маски.“, соопштија од Бигорски.
фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар