Гостивар
Засилени контроли на полицијата во Гостивар и Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово значително ги интензивираше сообраќајно-контролните активности на подрачјето во функција на поголем ред и безбедност, пред сѐ на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на тетовските и гостиварските улици. Вакви активности ќе следат и на околните регионални патишта, наведува СВР.
Вчеравечер (8 јули) од 21 до 24 часот со таканаречен „ноќен радар“ била спроведена акциска контрола на брзината со која се движат возилата надвор од населено место, при што биле откриени и санкционирани вкупно 11 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 1 за повеќе од 70 километри на час, а 7 за 50 до 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 300 или 400 евра во денарска противредност, зависно од големината на пречекорувањето и со времено одземање на возачките дозволи до една година.
При вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 35 пречекорувања на брзината во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час.
Во акцијата санкционирани се и 4 други видови прекршоци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница