Вести
Улиците во делови од Гостивар со дупки и пукнатини – општината почна да крпи
Коловозите на улиците низ повеќе делови во Гостивар се видно оштетени и со дупки, што им создава маки на возачите, додека се движат со автомобилите низ град. Вакви оштетувања особено се забележуваат по улиците во реонот кај основното училиште „Гоце Делчев“ , како и на улицата „Живко Брајковски“ кај Основниот суд кон средните школи. Граѓаните реагираат дека дупките по патот се грда слика, а и опасна за учесниците во сообраќајот. „Не чинат улиците, распукани се, раскопани, си ги уништуваме возилата. Треба да се преземе нешто“, сметаат гостиварци кои секојдневно ги користат автомобилите за на работа.
Дупките и пукнатините на коловозите во голема мера се последица на студената зима, мразот и фрлањето на поголеми количини сол за зимско одржување. Општина Гостивар од минатата недела започна со санирање на ударните дупки. Од одделението за сообраќај, најавуваат дека активностите ќе продолжат и неделава. „Интервениравме во населбата Бањешница, по улиците „Илинденска“ и „Беличица“, а ќе продолжиме и по другите улици. За најоштетената улица „Живко Брајковски“, каде асфалтната површина е доста стара, планирана е целосна реконструкција“, изјави Јетмир Алиу, од општинското одделение за сообраќај.
Бекатонките кои во текот на зимата, биле поставени како привремено решение за пополнување на дупките на одредени улици, ќе бидат заменети со асфалт.
Просечно, годишно од општинскиот буџет се издвојуваат од 2,5 до 3 милиони денари за санација на дупките по улиците.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ