Гостивар
Во Гостивар потврдени 52 нови случаи на корона минатата недела
Во периодот од 13 до 19 септември, тестирани се вкупно 28.972 материјали за коронавирус, а регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи, објави Институтот за јавно здравје во неделниот извештај. Просечно процентот на позитивност изнесува 11,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.669), додека во Гостивар биле потврдени 52.
„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (979). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (143). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.“, стои во извештајот.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.441 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 23 реинфекции, намалување од 25,8% во однос на минатата недела.
Пријавени се 154 смртни случаи во 29 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (70), Куманово (12), Струмица (8) и Тетово (8). Најголем број (123) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!