Македонија
Реџепи верува дека „Алтернатива“ ќе донесе одлука да биде дел од Владата
Пратеникот и член на претседателството на „Алтернатива“ Скендер Реџепи верува дека партијата ќе донесе одлука да биде дел од Владата затоа што, како што вели, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.
– Начелно верувам дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата. Верувам дека предност ќе дадеме на евроинтеграциските процеси, како и на остварувањето на програмата на Алтернатива која им ја вети на граѓаните и на нашите избирачи, истакнува Реџепи во изјава за „Слободен печат“.
Вели дека досега немало понуда за министерски места за „Алтернатива“ и очекува сликата да биде појасна по средбата на двајцата лидери Зоран Заев и Африм Гаши, која според најавите, ќе се одржи утре.
Во однос на изјавата на генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари дека во случај „Алтернатива“ да влезе во Владата, доколку опозицијата создаде парламентарно мнозинство, тогаш „Алтернатива“ пак ќе гласа за уривање на Владата, Реџепи со став дека ако „Алтернатива“ одлучи да остане во Владата, тогаш тоа ќе биде до крајот на мандатот на Владата.
– Таравари сигурно мисли на Беса, а зборува за Алтернатива. Ние сме Алтернатива, не сме Беса. Ако Алтернатива одлучи да биде дел од власта тој договор ќе важи до крајот на мандатот на Владата, нагласува Реџепи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените